Кошаркарите на МЗТ Скопје и Работнички со убедливи победи го завршија регуларниот дел од Првата кошаркарска лига на Македонија, но актуелниот шампион ќе стартува од пол-позицијата во плеј-офот.
МЗТ Скопје немаше милост за составот на Академија ФМП и победи 67-105 на гостински терен, додека Работнички со 104-84 го совладаа Гостивар на домашен терен. Двете екипи го завршија регуларниот дел со по 18 победи и четири порази, но МЗТ Скопје ќе биде во предност поради подобриот меѓусебен дуел со Работнички и до крајот на плеј-офот ќе ја има предноста на домашен терен против сите екипи.
На третата позиција заврши битолски Пелистер, кој после голем пресврт славеше на гостувањето во Гевгелија, против екипата на Кожуф со 80-87.