Новата сезона во АБА и АБА2 лигите почнува во октомври, потврди раководството на Јадранската кошаркарска организација. МЗТ Скопје Аеродром и Работнички со обврските во втората регионална лига ќе почнат на 1 октомври, додека елитата со натпреварување ќе стартува два дена подоцна.
Веќе нема дилеми околу враќањето на кошаркарските терени на Јадранот, откако неизвесноста траеше неколку месеци поради пандемијата со корона-вирусот. Стартот на сезоната 2020/21 се помести за 13 дена, откако претходно датумот 21 септември беше ставен како почеток на новото издание од регионалните кошаркарски шампионати.