МЗТ и ТФТ пак ќе играат скопско дерби, вечерва почнува новото првенство на Македонија

ТФТ Скопје и МЗТ Скопје вечерва од 19 часот ќе го одиграат новото скопско дерби и ќе означат старт на новото првенство на Македонија.

На премиерата од новата домашна сезона двете екипи веќе играа во меч од Суперкупот, а шампионот МЗТ Скопје го победи освојувачот на Купот, ТФТ Скопје со 100:82 пред десетина дена.

Сега ќе има официјална премиера на новиот македонски кошаркарски шампионат, а овој меч се игра порано поради обврските на МЗТ Скопје во АБА-лигата.

Аеродромци се подготвуваат за спектакл против Партизан во понеделник во „Јане Сандански“ од 16 часот во меч од второто коло во АБА-лигата.

На стартот од натпреварувањето во Јадранската лига, МЗТ загуби во Белград од Црвена ѕвезда со 87:67.

 

- Оглас -

Најнови вести