МЗТ има комоција од 16 поени, ќе биде катастрофа ако не ја сочува

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром вечерва гостува кај Широки Бријег во реваншот од четвртфиналето на плејофот во АБА 2 лигата. МЗТ Скопје славеше на првиот меч одигран во Аеродром со убедливи 85:69 и сега едноставно има позитива дури од 16 разлика кои треба да ги сочува.

И традицијата е на страна на МЗТ затоа што во досегашните 11 меча со овој ривал, аеродромци имаат осум победи и само три порази (сите три порази се со разлика помала од 16 поени).

Тренерот на МЗТ, Васко Атанасов, најави дека во реваншот неговиот тим ќе биде фокусиран, дека нема да има опуштање и дека на стартот ќе се влезе како македонскиот првак да нема никаква предност од првиот дуел.

 

- Оглас -

Најнови вести