Актуелниот кошаркарски првак на Македонија, МЗТ Скопје Аеродром вечерва ќе ја има првата меч топка за пласман во финалето на плејофот. Аеродромци водат со 2:0 во победи против ТФТ Скопје и вечерва ќе гостуваат во СРЦ „Кале“, со цел да стигнат до третиот триумф што ќе им обезбеди и место во финалето.
Во последните 12 месеци овие два тима имаат одиграно 12 натпревари и на сите победи МЗТ Скопје. Аеродромци ќе имаат и посебен мотив за победа, која би ја посветиле на еден од најпрепознатливите навивачи и пред се човек вечно посветен на својот МЗТ Скопје Аеродром, Марјан Михајловски, кој ненандејно почина вчера.
Според коефициентите во Sport Life, МЗТ е голем фаворит за нова победа над ТФТ, а со тоа да биде и првиот финалист во плејофот. Во второто полуфинале играат Пелистер и Работнички, а битолчани имаат предност од 2:1 во победи.