Шампионот МЗТ Скопје Аеродром победи во Гевгелија против Кожув со 95-81 и стана првиот тим кој избори место во полуфиналето на плејофот во кошаркарското првенство на Македонија.
Штрковите со 2-0 во победи ги елиминираа гевгеличани, а во полуфиналето го чекаат подобриот од двобојот на Гостивар и Работнички. Таму гостиварци водат со 1-0 и утре во Скопје ја имаат првата меч-топка.
На другите две вечерашни средби, резултатите беа изненадувачки според квотите во Sport Life и победија тимовите на кои им се даваа помали шанси. ТФТ во Кавадарци го совлада Еуро Никел со 76-72, па се избори за мајсторка во Скопје.
На 1-1 во победи изедначи и некомплетниот Феникс 2010 (играа без искусниот Бојан Трајковски) против Пелистер. Битолчани вечерва беа поразени со 81-83, а Стајиќ и Карпентер во последниот напад имаа обиди за три поени, со кои можеа да му донесат полуфинале на Пелистер.