Поразот од Хелиос делуваше отрезнувачки за екипата на МЗТ Скопје Аеродром, па денеска Металците со убедливи 93-64 ја растурија Сутјеска за втора победа сезонава во АБА 2 лигата.
МЗТ против екипата на тренерот Драган Николиќ (овој Србин лани го водеше МЗТ) тргна фуриозно, поведе со 41-17 во првите минути од втората четвртина, но потоа дојде до пад и во средината на третата четвртина црногорскиот тим се доближи.
Сепак, нападот беше одбиен и МЗТ на крајот повторно засили и го декласира противникот. Војдан Стојановски со 17 поени и 6 асистенции беше најкорисен играч кај МЗТ, но сите коишто играа дадоа придонес во триумфот.