Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром рутински го совлада Вардар, откако се поклопија резултатите од другите мечеви, сега актуелниот првак е осамен лидер на прволигашката табела. Зад МЗТ се дури пет тима кои имаат еден бод помалку од „штрковите“.
МЗТ денеска потпиша договор со поранешниот младински репрезентативец на Србија, крилото Ѓорѓе Милошевиќ. Тој ќе дебитира на гостувањето кај Ловќен од АБА 2 лигата. Сега МЗТ има пет странци, па еден нема да може да игра во македонската лига.
Вториот тим на МЗТ, даде силен отпор, но загуби во Кисела Вода од ФМП Академија, а Работнички прилично лесно излезе на крај со Кожув кој има проблем со отсуството на повредениот Бојан Трајковски. Пелистер со новиот тренер Љупчо Малинков, го прегази Гостивар во првите три четвртини, но во финишот гостите се изборија за чесен пораз. Кумановци по продолжение од пет минути ги совладаа кавадарчани.
РЕЗУЛТАТИ, 9 КОЛО: ФМП Академија – МЗТ Уни банка 84-79, МЗТ Скопје Аеродром – Вардар 97-80, Работнички – Кожув 97-81, Куманово – Еуро Никел 86-85, Пелистер – Гостивар 89-79.