Иван Карачиќ (24 год, 203 см), поранешниот младински репрезентативец на Хрватска, од денеска е составен дел од екипата на МЗТ Скопје Аеродром и ќе игра на првиот сезонски турнир од АБА 2 лигата на Златибор откако дојде да помогне во играта под кошевите како привремена замена за повредените Бојан Крстевски и Андреј Маслинко.
За неговиот трансфер се најавуваше уште пред неколку дена.
Станува збор за крилен центар, кој доаѓа на едномесечен тест-период, со можност соработката да продолжи до крајот на сезоната. Карачиќ сезоната ја почна во полскиот тим Даброва Горница, каде што одигра осум натпревари, пред да реши да си замине на сопствено барање и да се пресели во МЗТ.
Карачиќ, кој е роден во Мостар и има босанско и хрватско државјанство, нема да настапи на денешниот прв меч на Златибор со Подгорица (17 часот) поради процедурата во јадранското натпреварување за регистрација на нови играчи, но се очекува да биде во составот на Ѓорѓи Кочов на вториот дуел, задутре против Сутјеска.
Крстевски и Маслинко не отпатуваа на првиот турнир од АБА 2 поради повреда на прстот на шутерската рака, односно посериозен проблем со лигаментите на глуждот.
Ова е едно од најатрактивните забивања на Карачиќ изведено на февруарскиот дуел на Широки против МЗТ: