МЗТ Скопје Аеродром го совлада Пелистер со 91-76 во првиот меч од финалето во кошаркарскиот плејоф на македонската прва лига.
Милошевиќ и Војдан Стојановски со по 19 поени беа најефикасни играчи во победничкиот тим. Штрковите погодија 14 тројки од 26 обиди, и тоа беше клучниот статистички податок.
Со ова, Металците најавуваат дека одат по деветта титула, за која им требаат уште две победи. Вториот меч од финалната серија се игра во Битола.