МЗТ: Нападнати беа нашите тренери и кошаркари во соблекувалната!

Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром на својата фејсбук-страница објави дека на полувремето од мечот со Чаир 2030, неофицијални лица ги нападнале тренерите и играчите, и тоа во соблекувалната во којашто бил тимот.

„Натпреварот на гостински терен кај Чаир 2030 е прекинат по нападот на неофицијални лица врз нашите тренери и кошаркари во соблекувалната за време на полувремето. Во моментов најважно е здравјето и безбедноста на нашите момци, а повеќе детали за инцидентот очекуваме во текот на утрешниот ден!“, објавија од МЗТ.

- Оглас -

Најнови вести