Актуелниот кошаркарски шампион на Македонија, МЗТ Скопје, денеска е пред вистински предизвик во јадранската АБА-2 лига бидејќи за противник го има стариот познаник, Златибор. Екипата во Србија во 2022 година го победи МЗТ Скопје во финалето на ова натпреварување, на завршниот турнир кој се одржуваше во Скопје, па ова ќе биде прв нивен меѓусебен дуел оттогаш досега. Одлична можност за одмазда на кошаркарите на МЗТ Скопје, но и можност да се дојде до подобра стартна позиција пред почетокот на разигрувањето.
Со победа, МЗТ Скопје речиси сигурно ќе обезбеди пласман помеѓу најдобрите четири екипи на табелата и ќе може да очекува условно кажано полесен противник во четвртфиналето, со оглед на тоа дека овој натпревар е дел од претпоследното, 13-то коло на АБА-2 лигата. Во последното коло, шампионот на Македонија ќе игра против домаќинот на последниот АБА-2 турнир оваа сезона, Широки Брег.
Според квотите во Sport Life, токму МЗТ Скопје денес е во мала фаворитска предност со квота за победа од 1.90, додека квотата за Златибор е малку повисока и изнесува 1.96.