МЗТ не може веќе никого да победи – Металците во Нови Пазар пазареа нов пораз во АБА 2

МЗТ Скопје не успеа да ја прекине црната серија порази во АБА 2 лигата и вечерва по петти пат по ред загуби, овојпат од Нови Пазар со 79:70.

Домаќините ги решија сите дилеми околу победникот уште по првото полувреме, што го добија со 48:33. Гостите од Скопје се обидоа да го поправат впечатокот, беа подобри во последните две четвртини, но задоцнија со финишот, па пресврт не се случи.

Американецот Мајкл Ентони Малори беше енигма за одбраната на МЗТ Скопје и го наполни кошот на гостите со 27 поени. Брунчевиќ постигна 13 поени, а тие двајца кошаркари единствени имаа двоцифрен учинок кај тимот на Нови Пазар.

Олуфеми Олуџоби со 20 поени беше најефикасен кај МЗТ Скопје, 13 постигна Магдевски, а по 10 имаа Милошевиќ и Дамјан Стојановски.

Во последното коло, МЗТ Скопје ќе му биде домаќин на Ловќен и со победа ќе обезбеди настап на фајналфор-турнирот во втората Јадранска лига.

 

- Оглас -

Најнови вести