Екипата на МЗТ Скопје Аеродром против Вршац од 18 часот ќе се обиде да ја извојува првата гостинска победа во втората АБА-лига, но иако македонскиот тим е фаворит на хартија, тоа не мора ништо да значи. „Штрковите“ еднаш веќе се „изгореа“, кога гостуваа кај Зрињски, кој немаше ниту една победа дотогаш, но одигра одлично и го совлада МЗТ.
Вршац има само една победа, но според гостите од Скопје, мечот ќе биде тежок.
„Пред нас е исклучително тежок меч. Вршац има квалитетни кошаркари кои во ниту еден момент не смеат да се потценат. Проблем за нас е отсуството на Иве Иванов, кој се повреди против Сплит, ќе ни треба решителност и храброст“, изјави тренерот Ѓорѓи Кочов.