Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром најавуваат победа над Подгорица во мечот кој се игра вечерва од 18 часот во СЦ „Јане Сандански“, а и ништо друго не им преостанува ако сакаат да продолжат со битката за место во плејофот во АБА 2 лигата.
Металците се фаворити на хартија, но тоа ќе треба да го потврдат и на терен. По шест кола, МЗТ има половичен биланс 3-3, додека Подгорица има 1-5.
„Ова е натпревар кој мора да го добиеме и со таа мисла напорно работиме изминатиов период. Победата во домашното првенство ни ја поткрена самодовербата и мислам дека со агресивна одбрана и организиран напад ќе може да дојдеме до целта. Играме дома, каде што имаме голема поддршка од трибините и верувам дека и овојпат со помош на верните навивачи ќе може да дојдеме до посакуваната цел“, вели тренерот Васко Атанасов.
Билетите за овој натпревар може да се купат на продажните места на МК Тикетс, преку нивната интернет-страница и на билетарницата пред салата почнувајќи од 15 часот. Цената е 100 денари.
Во Sport Life имате богат избор од 90-тина игри поврзани со овој дуел, па ако имате претчувство каков тек ќе има средбата, треба да уплатите тикет и да чекате добивка.

