МЗТ Скопје Аеродром го победи ТФТ со 68-63 во еден од двата денешни дерби-меча од првата македонска кошаркарска лига и со триумфот, Металците се вратија на чело на табелата.
МЗТ е единствен тим во лигата само со еден пораз. Второто место го држи Чаир, кој вечерва дома го победи Пелистер со 87-80. За битолчани заврши низата од пет победи по ред, а сега се во група со ТФТ, Еуро Никел и Работнички со по 5 победи и три порази по осум кола.