МЗТ осцилираше, ама се избори за победа против Борац

МЗТ Скопје Аеродром извојува победа над Борац Бања Лука од 67-61 во меч од АБА 2 лигата, но Металците воопшто не блескаа, туку имаа големи подеми и падови, и добро е за нив што средбата ја завршија како победници.

Македонскиот првак во третата четвртина имаше и 19 поени предност, Борац се доближи на четири разлика, па Штрковите стравуваа, но на крај дојдоа до победа.

Сега МЗТ има скор 3-2, што го носи во горната половина на табелата. Најефикасни поединци кај МЗТ беа браќата Стојановски, Танасковиќ, Баковиќ и Ворку, сите петмина беа двоцифрени.

Следниот меч на МЗТ во АБА 2 лигата е за точно еден месец, против Подгорица.

- Оглас -

Најнови вести