МЗТ Скопје Аеродром откри четири кошаркарки кои ќе го носат сино-белиот дрес во новата сезона. Нови играчи се двајца Американци, Дастин Ваер (31 год, 183 см) и Хуан Дејвис (24 год, 203 см), како и хрватскиот интернационалец, Роберт Рикиќ (31 год, 219 см), а обновен е и договорот со македонскиот репрезентативец Кристијан Николов (24 год, 187 см).
Ваер е игра на позицијата плејмејкер и зад себе има големо европски искуство, кое му почна пред десетина години во дресот на Цибона, а потоа настапувал за екипи како германски Улм, Јашеберени, ЗТЕ (Унгарија), Виши, Булазак (Франција), Лукоил Академик, Колосос и полски Шчекин каде што ги мина последните две сезони. Дејвис е крилен центар кој доаѓа од холандски Феенорд, а има играно и за финските екипи Нокиа и Каухајон, со кој беше дел од Лигата на шампионите на ФИБА. Џинот Рикиќ е поранешен играч на Широки, Будуќност, Игокеа, Сплит, кој минатото првенство беше најдобар играч на Еуро Никел.
Николов трета сезона по ред ќе го носи сино-белиот дрес, а тренерот Дарко Радуловиќ ќе има големи очекувања од него во делот на организацијата на играта, особено по заминувањето на Андреј Магдевски на печалба во Полска. Капитен на екипата останува Дамјан Стојановски, а во екипата се и Бојан Крстевски, Адем Мекиќ и Дамјан Робев.