МЗТ покажа мускули против Гостивар

МЗТ Скопје Аеродром поведе со 1-0 во полуфиналето против Гостивар, откако на свој терен во „Јане Сандански“ го победија амбициозниот гостин со 87-68.

Средбата се одигра во убав амбиент кој на трибините го создадоа навивачите на двата тима, но во финишот ја немаше неизвесноста околу победникот. Откако првото полувреме му припадна на МЗТ со 44-40, во третиот квартал домашните ја направија решавачката разлика. После 55-49, МЗТ направи серија од 12-1, за 67-53. Потоа гостиварци како да се предадоа и МЗТ рутински ја доврши работата.

Самарџиски со 16 поени беше најефикасен, а двоцифрен број на поени имаа уште Младеновски, Вудард и Медфорд. Ефианаи со 15, и Тасовски и Сегариќ со по 11, беа најефикасни кај Гостивар.

Вториот меч од оваа серија се игра задутре, во вторник, во Гостивар, а третиот меч е в петок, повторно во Скопје.

- Оглас -

Најнови вести