25.8 C
Skopje
сабота, 19 јули 2025

МЗТ поразен во Загреб во меч кој требаше да го добие

Прв пораз сезонава за МЗТ Скопје Аеродром, Металците загубија во Загреб од Цедевита јуниор со 75-77 по продолжение од пет минути, откако во регуларниот дел средбата заврши 68-68.

МЗТ доминираше во првото полувреме, но тимот драстично подна во нападот во вториот дел. И покрај проблемите во нападот, МЗТ можеше да победи, имаше последен напад при 68-68, но не го искористи, Американците Едвин и Слај кои беа најефикасни со 26 односно 17 поени, не погодуваа.

Во екстра периодот Цедевита јуниор тргна подобро, МЗТ врати, и пак се влезе во егал завршница во која македнскиот првак не се снајде, не беа реализирани последните два напади и поразот беше неминовен.

Следниот меч на МЗТ во АБА 2 лигата е за 13 дена во Скопје против словенечки Хелиос.

- Оглас -

Најнови вести