МЗТ Скопје Аеродром го совлада Хелиос санс со 94-88 во меч од АБА 2 лигата одигран во Сараево, иако на полувреме словенечкиот тим имаше водство од 10 поени разлика. Адем Мекиќ, кој даде шест тројки во второто полувреме, беше човекот којшто го инспирираше пресвртот.
Најефикасни поединци кај македонскиот првак беа Вер со 23, Рикиќ со 21 и Мекиќ со 20 поени.
Штрковите сега, по пет кола се осамени на втора позиција, имаат четири победи и еден пораз. Во следното коло, задутре, МЗТ игра со сараевскиот Спарс, додека Пелистер има меч со досега непоразениот Борац Бања Лука.