МЗТ Скопје загуби неочекувано на домашен терен од Хелиос Домжале со 85:89 во меч од 18-тото коло во АБА 2 лигата, а клуч на неуспехот беше лошата игра во второто полувреме.
Аеродромци имаа сигурна предност од 8 поени разлика по 20 минути игра, но потоа прокоцкаа сè и загубија. Дуото на гостите Махковиќ со 29 поени и Коњевиќ со 24 беа нерешлива енигма за македонскиот претставник, па поразот беше неминовен.
Второто полувреме домаќините го загубија со 38:50, по што стигна и шестиот пораз во Регионалното натпреварување. Махковиќ беше извонреден со 29 поени, а имаше и 12 асистенци и 9 скока, па за малку не стигна до трипл-дабл.
Кај МЗТ Скопје, Хајндс со 18 и Дамјан Стојановски со 17 поени беа најефикасни на мечот.