МЗТ против Куманово на стартот од сезоната, вечното дерби во последното коло

МЗТ Скопје Аеродром на свој терен против Куманово ќе ја започне одбраната на титулата во кошаркарското првенство, беше одлучено на денешната ждрепка. Аеродромци во новата сезона ќе имаат два тима бидејќи влез во елитата обезбеди и МЗТ Скопје Аеродром 2, но тоа е клубот кој е слободен во првото коло.

Најтрофејниот Работнички во првото коло е фаворит против новиот прволигаш Академија ФМП, додека во првото коло ќе се сретнат и Еуроникел – Гостивар, Кожув – Охрид и Вардар – Пелистер. Предвидено е шампионатот да стартува на 15 октомври.

Според распоредот, вечното дерби меѓу МЗТ Скопје Аеродром и Работнички ќе биде во последното, 11-то коло, а домаќин ќе биде тимот од „Градски парк“.

- Оглас -

Најнови вести