МЗТ се добро се држеше до финишот, а потоа му даде прва победа на Сараево (видео)

МЗТ Скопје Аеуродром загуби со 76:68 од Спарс Сараево на стартот од балон-турнирот на Златибор во рамките од АБА2 лигата. Штрковите со некомплетен состав во отсуство на Американците Олуџоби и Гарет, како и Надре Магдевски, добро се држеа во дуелот против босанската екипа, на која ѝ дозволија првпат да се радува по седум меѓусебни дуели.

Металците тргнаа споро во средбата и му дозволија на противникот да ја преземе иницијативата, па така со серијата 10-3 Сараево се одлепи на двоцифрена разлика и ја доби првата четвртина во која МЗТ постигна само 13 поени. Македонскиот првак на тоа одговори со уште подобра одбрана во втората делница, дозволи само 10 поени во својот кош, па така екипите на паузата заминаа со израмнети сили при 33:33.

https://twitter.com/ABA_League2/status/1374096762860867584

Кош за кош се играше и на стартот од второто полувреме, а во финишот од периодот Спарс поведе со не толку сигурни +4, по што беше јасно дека во завршините 10 минути ќе гледаме неизвесна драма.

Тоа и се случи, Металците на двапати ја анулираа предноста на Сараево, предводени од шутерски расположениот капитен Дајман Стојановски, кој дотогаш беше најефикасен играч на средбата со 16 поени и 4/8 шут за три. Спарс во последните две минути влезе во осум поени предност, која за МЗТ беше недостижна и покрај напорите во завршните мигови од средбата.

Стојановски заврши со 18 поени, Бојиќ го следеше со 14 поени во петтиот пораз на македонскиот првак во АБА2 лигата. На другата страна Каменјаш со 18 поени го предовдеше Сараево до победата.

- Оглас -

Најнови вести