МЗТ се посрамоти во Гостивар, едвај даде 51 поен!

Гостивар го победи МЗТ Скопје Аеродром со 65-51 во меч од кошаркарската Прва лига на Македонија и со тоа некогашниот стратег на Металците, Александар Јончевски, имаше успешно деби како тренер на гостиварци.

МЗТ се посрамоти во втората и третата четвртина, кога за 20 минути игра даде вкупно, верувале или не, само 15 поени, па во финишот гостите спречуваа катастрофа. Отсуството на Дамјан Стојановски, кој е позитивен на ковид-19, очигледно ќе биде голем проблем за МЗТ периодов кога тимот ќе има мечеви на секои два дена за да го надомести пропуштеното поради играњето во АБА 2 лигата.

Гостиварци во минатото коло шокантно загубија од младиот тим МЗТ Уни банка, а сега исто толку шокантно го надиграа првиот тим на аеродромци. За МЗТ, ова е петти пораз сезонава. Најмалку порази во лигата има Пелистер, кој четирипати сезонава беше поразен.

- Оглас -

Најнови вести