МЗТ се раздели со еден од Американците

Американецот Седрик Расел од денеска и официјално повеќе не е кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром откако со него спогодбено беше раскинат договорот.

Оваа одлука e донесена во заеднички интерес, со цел двете страни да пронајдат подобри опции за до крајот на сезоната, информираат Металците.

Бекот во домашното првенство одигра 13 средби со просечна реализација на 10 поени по меч, додека во АБА 2 настапи на осум меча со просек од 13 поени, со за нијанса попрецизен шут од поле.

Управата на клубот веќе е во потрага по поквалитетна опција на бековската позиција со цел тимот да влезе уште посилен во вториот дел од сезоната, во кој атакуваат на домашните трофеи, и што е можно подобар пласман во регионалното натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести