Најдобриот кошаркарски клуб во Македонија, МЗТ Скопје Аеродром се жали до Арбитражната комисија при КФСМ поради казните кои ги добија клубот и челникот Тони Грнчаров по одлука на Дисциплинската комисија. Клубот е казнет парично со 300.000 денари, а Грнчаров доби двегодишна суспензија.
Причина за ваквите казни се објавите што ги има постирано на социјалните мрежи на официјалниот клупски профил на МЗТ Скопје Аеродром, како и на личниот профил на МЗТ. Од Дисциплинската комисија утврдиле дека на објавите на социјалните мрежи имало и навредлива содржина. Се работи за фотографијата која е направена по освојување на Суперкупот, кога капитенот на МЗТ, Дамјан Стојановски, позира со пехарот, а во позадина е Перо Антиќ, чиј лик е „заматен“.
Од МЗТ посочуваат дека имаа повеќе поенти со кои сакаат да докажат дека неправедно се казнети од КФСМ. Целата жалба на клубот кој моментно доминира на домашата сцена со титули во првенството, Купот и Супер купот може да ја најдете ТУКА.