Актуелниот првак МЗТ Скопје сензационално изгуби на Феникс 2010 и тоа по продолженија со 90:83 во рамките на 10-то коло од првата кошаркарска лига.
На денот на роденденот на капитенот Дамјан Стојановски, тимот од Аердро и тоа како гостин во својата сала „Јане Сандански“, непријатно ги изненади своите фанови.
Резултатот по 40 минути беше 79:79, по што Феникс одигра далеку подобро во дополнителното време и му го нанесе вториот порза на актуелниот првак.
Куртис Џоунс со 20 поени беше лидерот на Феникс кој со ова дојде до 15-от бод и се искачи на шестото место.
МЗТ, пак, остана на бројката од 18.
Актуелниот лидер Пелистер немаше проблеми против Гостивар и победи со 101:76 а најефикасен на средбата беше Игор Кесар со забележани 33 поени.
Со тоа Битолчани остануваат перфектни по 10 одиграни натпревари и имаат максимални 20 бода.