МЗТ Скопје Аеродром и оваа сезона не успеа да избега од второлигашкото АБА лига друштво. Ако во претходните две сезони, среќата му го вртеше грбот на македонскиот првак, сезонава аеродромци не ни заслужија да се надеваат дека може да влезат во АБА 1.
Уште во првата фаза од плејофот за влез во АБА 1, односно во четвртфиналето, МЗТ Скопје е елиминран по двомечот со тимот на Младост Земун. Српскиот тим го доби првиот меч со 95:75, па кога на денешниот меч поведоа со 31:20 по првата четвртина, јасно беше дека МЗТ Скопје Аеродором нема да има шанси да надополни 31 поен заостанување само во три четвртини.
Во целиот двомеч со Младост, кошаркарите на МЗТ блеснаа само во втората четвртина од денешниот меч, која ја добија со 26:12. Српскиот тим во продолжение без многу проблеми го контролираше резултатот и на крајот вооппшто не беше важно што загубија со 92:86 затоа што на крајот кошаркарите на Младост се радуваа на пласман во полуфиналето од плејофот за влез во АБА 1 лигата.
Карачиќ и Гравет со по 21 поен беа најефикасни кај МЗТ на денешниот меч, а со двоцифрен број поени беа и Олуџоби, кој постигна 17, и Крстевски со 12 поени.