МЗТ Скопје Аеродром е апсолутен македонски кошаркарски куп владетел!

МЗТ Скопје Аеродром ја оправда фаворитската улога во кошаркарскиот Куп на Македонија „Благоја Георгиевски-Буштур“, и по рекорден 11-ти пат го освои трофејот во ова натпреварување.

Во финалето, совладан е Феникс 2010 со 89-73. За Феникс ова беше прво финале на купот.

Славјето за клубот од Аеродром е тројно, бидејќи освен тоа што се победници на Купот во оваа 2023 година, станаа и рекордери (Работнички има 10 купови), а во купот првпат победија и жените на МЗТ Скопје, па Металците имаат историска и тотална доминација.

Сите стартери на МЗТ, а вкупно шестмина поединци имаа двоцифрен број на поени, а кај Феникс се истакнаа искусните Трајковски, Димчевски и Јанески.

- Оглас -

Најнови вести