МЗТ Скопје Аеродром го понижи Работнички и го победи со 34 разлика

Актуелниот бранител на трофејот во Купот на Македонија, екипата на МЗТ Скопје Аеродром без многу проблеми се пласираше во полуфиналето на ова натпеварување. Во последното четвртфинале кое се играше денеска во Гевгелија, МЗТ убедливо славеше над вечниот ривал Работнички и тоа со 97:63. Ова е 14-та победа за аеродромци во последните 15 средби со најголемиот ривал.

На дуелот во Гевгелија, Работнички само во почетните неколку минути даваше отпор, кога и водеше со 16:13. потоа следуваше серија од 19:2 за МЗТ, за водство на актуелниот шампион од 32:18. Од тој момент, па до крајот на средбата, МЗТ постојано ја одржуваше двоцифрената предност и доминираше на теренот.

Во средината од третата четвртина разликата прв пат дојде и до 20 поени (54:34), а во последните 10 минути се влезе со резултат од 65:40 и уште тогаш беше јасно дека МЗТ Скопје Аеродром ќе биде ривалот на Пелистер во полуфиналната пресметка.

 

- Оглас -

Најнови вести