МЗТ Скопје Аеродром има 10 победи по ред над Еуро Никел, Работнички без проблеми ќе слави против Вардар

Актуелниот македонски кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром пред празни трибини ќе биде домаќин на Еуро Никел, во меч од петото коло на Прва лига. Ова ќе биде и дерби на колото затоа што тоа се двете екипи кои се на првите две места на табелата во моментов.

Аеродромци на свој терен секогаш се фаворити, а и традицијата е на страната на МЗТ Скопје затоа што има 10 победи во низа против денешниот ривал. Од тие 10 победи, дури седум биле со двоцифрена разлика, а овојпат „хендикепот“ во Sport Life е поставен на 7,5 поени.

Кожув во Гевгелија е домаќин на ТФТ Скопје, а во Скопје се игра градски дуел меѓу Вардар и Работнички, каде гостите не би требало да имаат проблеми да стигнат до двата бода.

Нема дилеми дека Пелистер ќе слави во Битола против Охрид, а интересно може да биде во Гостивар каде домашниот тим го пречекува Феникс 2010.

- Оглас -

Најнови вести