МЗТ Скопје Аеродром убедливо со 81:64 го победи Куманово, во првиот меч од полуфиналната пресметка од кошаркарскиот плејоф. Уште од самиот старт аеродромци покажаа дека нема да му дадат никаква шанса на Куманово да се понадева дека може да изненади.
МЗТ го отвори мечот со 12:2, а потоа водеше и со 26:10 во првата четвртина. Моќната игра на шампионот продолжи и во втората четвртина. Во 15 минута, резултатот беше 40:21, а на полувреме домаќинот стигна и до највисоки до тој момент 25 разлика, 52:27.
Двојно повеќе поени МЗТ имаше постигнато од Куманово во 23 минута кога на семафорот стоеше резултатот 58:29 и тогаш беше јасно дека нема да има никакво изненадување, барем кога се работи околу победникот.
Највисоката предност МЗТ ја имаше кога водеше со 64:33 во третата четвртина, а до крајот на мечот, кумановци испеаа до попристоен пораз од 17 разлика.
Дамјан Стојановски со 18 поени беше најефикасен кај МЗТ и воопшто на теренот. Со двоцифрен број поени кај МЗТ завршија и Бојан Крстевски со поени, а Марин Петков даде 12. Кај Куманово најефикасен беше Лука Петровиќ со 15 поени.