3.8 C
Skopje
вторник, 16 декември 2025

МЗТ Скопје Аеродром потпиша со Танасковиќ

Екипата на МЗТ Скопје Аеродорм потпиша договор со Душан Танасковиќ, кошаркар кој и во минатото го има носено „сино-белиот“ дрес. Танасковиќ имал понуда да потпише и за грчкиот прволигаш ПАОК, но сепак се реши да се врати во старото и добро познато јато меѓу Штрковите.

Од таборот на МЗТ истакнуваат дека искусниот центар ќе претставува значително засилување во рекетот, особено во клучната фаза од сезоната во која МЗТ Скопје ќе се бори за остварување на примарната цел – враќање во елитната АБА-лига.

Танасковиќ беше дел од МЗТ Скопје во сезоната 2023/24, кога аеродромци ја освоија тројната круна на домашната сцена. Со своите игри на теренот тој беше меѓу најконстантните и најзаслужните кошаркари за освоените трофеи во таа сезона.

По заминувањето од Скопје, центарот настапуваше за Мега, а актуелната сезона ја започна во Борац Бања Лука. Во дресот на клубот од Република Српска одигра четири натпревари во АБА 2 лигата, на кои бележеше просек од 13 поени и 7,5 скока по натпревар.

- Оглас -

Најнови вести