МЗТ Скопје Аеродром сака да ја продолжи доминацијата, Пелистер се надева на „трета-среќа“

МЗТ Скопје Аеродром и Пелистер вечерва ја започнуваат финалната серија од кошаркарскиот плејоф, а двете екипи се со една цел, да стигнат до шампионскиот трофеј. Аеродромци ја имаат предноста на домашен терен во првиот меч, но и традицијата.

МЗТ е актуелен, но и 10-кратен првак на Македонија, додека Пелистер уште нема ниту една титула. Ова е трета сезона по ред овие две екипи да играат во финалето што е знак дека навистина се најдобрите две.

Аеродромци имаат девет победи во последните 11 пресметки со битолчани, но Пелистер не губи надеж затоа што тие две победи што ги има се во последните три средби, од кој еден триумф е токму на последното гостување во „Јане Сандански“.

Покрај финалето од плејофот оваа сезона за прв пат ќе има и борба за третото место, па во оваа пресметка ќе играат Работнички и ТФТ Скопје.

- Оглас -

Најнови вести