Кошаркарскиот клуб МЗТ Скопје Аеродром се пофали дека шестмина кошаркари кои во минатото на пократок или подолг период го носеле дресот на Металците, учествуваат на Евробаскетот 2022 кој е во тек.
Ако играше и Македонија на ЕП, од МЗТ ќе имаше неколку актуелни претставници, но и вака Штрковите се горди на тоа што ангажирале квалитетни странски кошаркари.
Во репрезентацијата на Велика Британија се Ден Кларк и Девон Ван Острум. Во дресот на Холандија настапува Шарлон Клоф, еден од адутите на хрватската репрезентација е Доминик Мавра, додека Никола Павличевиќ и Георги Цинцадзе се дел од националните селекции на Црна Гора односно Грузија.