МЗТ Скопје Аеродром треба да ја потврди доминацијата против Работнички

Најтрофејниот македонски кошаркарски клубови МЗТ Скопје Аеродром и Работнички, денеска (19 ч.) ќе испишат уште едно поглавје од вечното дерби. Аеродромци ја имаат улогата на домаќини, но мечот ќе се игра на неутрален терен, и тоа во салата „Независна Македонија“ во Кисела Вода покрај училиштето „Невена Георгиева-Дуња“. Дербито се игра на неутрален терен затоа што во салата „Јане Сандански“ има Европско првенство во пинг-понг, а МЗТ не доби дозвола средбата да се одигра во друг термин.

Ова дерби за шампионот МЗТ Скопје Аеродром доаѓа по пораз од Пелистер, додека Работнички има четири победи во низа. Сепак, кога ќе се видат резултатите од меѓусебните дуели во последните четири и пол години, аеродромци се доминантни. МЗТ победи на последните осум меча против Работнички, а ако се видат резултатите од последните 16 вечни дерби-дуела, на 14 се радувал тимот од Аеродром.

И денеска МЗТ ја има фаворитската улога, а границата за хендикепот е на 6,5 поени, што значи дека може да се очекува интересен дуел.

- Оглас -

Најнови вести