МЗТ Скопје Аеродром во продолжение ја загуби драмата против Златибор

МЗТ Скопје Аеродром не успеа да го освои трофејот наменет за најдобриот тим во АБА 2 лигата откако во финалето, по голема драма, загуби од Златибор Чајетина со 78:73. Во регуларниот дел резултатот беше 72:72, а во дополнителните пет минути, гостите од Србија беа подобри и на крајот се радуваа на триумф на фајнл 8 турнирот кој изминативе пет дена се играше во „Јане Сандански“.

И покрај поразот во финалето, македонскиот првак си обезбеди место во АБА 1 лигата за следната сезона, а тоа беше главната цел на МЗТ Скопје Аеродром.

Македонскиот првак лошо го започна финалето, па за многу кратко време Златибор поведе со 13:4, а по првата четвртина српскиот тим водеше дури со 20 поени предност (31:11). Златибор ја задржа двоцифрената предност и на полувреме, кога беше 50:36, а дури пред крајот на третата четвртина МЗТ намали на едноцифрена негатива (60:52).

Во последната четвртина, МЗТ започна одлично и со серија од 13:0 стигна и до прво водство 65:62. Тоа беше најава за драматичен финиш, а кога резултатот беше 72:72, Мекиќ имаше шут за победа на МЗТ, но промаши и мораше да се играат дополнтелни пет минути, каде што аеродромци постигнаа само еден поен и тоа беше премалку да стигнат до титулата во АБА 2 лигата.

- Оглас -

Најнови вести