МЗТ Скопје бара трета среќа, двоцифрен број на поени на тројца Штркови ви носи добра добивка во Sport Life (Фото)

МЗТ Скопје вечерва од 19 часот ќе му гостува на Будуќност во Подгорица и повторно е голем аутсајдер како и против Црвена ѕвезда и Партизан, мечеви кои ги загуби убедливо на стартот од АБА лигата.

Тренерот на популарните Штркови, Александар Петровиќ вели дека аеродромци ќе играат максимално одговорно против Будуќност и сигурно нема да истакнат бело знаме без борба.

„Верувам дека ќе играме се подобро, а и сега ривал ни е екипа што е конкурент за првите четири места во АБА лигата. Будуќност игра агресивна кошарка и дефанзивно се одлични, но ние ќе одговориме соодветно и одиме да се надигруваме без бело знаме“, изјави Петровиќ.

Првите два порази беа со 20 и повеќе поени разлика, но Будуќност, иако е голем фаворит го нема рејтингот и квалитетот на Партизан и Црвена Ѕвезда.

Во понудата на Sport Life која е богата за овој меч од третото коло во Јадранската лига, ако МЗТ Скопје успее да не загуби над 20 поени разлика се нуди коефициент од 1.65, па се од 2.30 за пораз помал од 16 поени разлика.

Има уште многу различни игри, а топ изгледа понудата за индивидуален учинок, односно број на поени за тројцата столбови на Штрковите.

За Војдaн Стојановски и за Кафи границата на поени е 10.5 со квоти од 1.87 и за минус и за плус, а за добитен тикет ако одиграте само на кошаркарите на МЗТ Скопје треба да се погрижи Мицовиќ со учинок од 12, или повеќе поени, или под границата од 11.5 поени, ако одиграте минус поени.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести