МЗТ Скопје е фаворит за победа против екипата од која никогаш нема загубено

Кошаркарите на МЗТ Скопје денес се пред нов предизвик во јадранската АБА-2 лига. На вториот балон во Златибор, МЗТ Скопје за противник има екипа по мерка, од која никогаш нема загубено.

Аеродромци и Борац од Бања Лука имаат одиграно два официјални натпревари јадранската второлигашка конкуренција и еден пријателски натпревар. МЗТ Скопје секогаш победувал, но и секогаш постигнувал по најмалку 80 поени против Борац.

Актуелниот шампион на Македонија победуваше со 80-73 и 99-75 во АБА-2 лигата против Борац, додека пријателскиот меч минатата година го доби со 85-66.

И квотите во Sport Life велат дека МЗТ Скопје е фаворит за победа со квота од 1.44. “Штрковите“ имаат ефект од две победи и два порази на почетокот на новата сезона во АБА-2 лигата.

- Оглас -

Најнови вести