МЗТ Скопје го победи Широки Брег и се врати таму каде што припаѓа а тоа е во АБА 1 лигата

Екипата на МЗТ Скопје од наредната сезона ќе настапува во АБА 1 лигата, откако во полуфиналниот меч го совлада Широки Брег со 75:71.

Како што е добро познато, македонскиот тим обезбеди пласман во елитата од регионалното натпреварување бидејќи Златибор Чајетина не може да настапува со оглед на тоа дека српските екипи го имаат максимумот за следната сезона.

Во еден исклучително тежок натпревар, тимот од Аеродром имаше подебели нерви, а предводен од капитенот Дамјан Стојановски кој беше најефикасен со 17 поени, а најголемиот дел од нив ги постигна кога е најважно, во последната четвртина.

Неделното финале против Златибор Чајетина ќе биде само одлична можност дополнително да се прослави овој успех, пред завршницата на настапите од домашниот кошаркарски шампионат.

- Оглас -

Најнови вести