МЗТ Скопје го прегази Чаир на теренот, гостинските навивачи тргнаа да се тепаат со обезбедувањето на трибините

Шампионот МЗТ Скопје го декласира тимот на Чаир 2030 со 91:58 во деветтото коло од кошаркарската прва лига, остварувајќи ја осмата победа.

Металците се лидери на табелата со учинок од осум победи и еден пораз, додека Чаир 2030 е четврти со шест триумфи во девет кола.

Мечот го одбележа и инцидентот во втората четвртина кога гостинските навивачи, незадоволни од една судиска одлука, тргнаа да се тепаат со полицијата и обезбедувањето во СЦ „Јане Сандански“.

Поради инцидентот, мечот беше неколку минути во прекин, но откако се смирија страстите, Металците му покажаа на Чаир кој е шампион. Посебно импресивна беше третата четвртина која МЗТ Скопје ја доби со убедливи 32:5. Најдобар кај МЗТ Скопје беше Танасковиќ со 21 постигнат поен, а по 11 дадоа Робев и Дамјан Стојановски.

Работнички дојде до шестата победа откако со 84:90 го совлада Кожув на гости. На останатите два меча од деветтото коло, победите беа изразени со еден и два поени разлика.

Еуро Никел со 66:65 го победи ТФТ, иако домашниот тим на две минути до крајот имаше шест поени предност (64:58).

ФМП Академија од Гостивар си оди со бодови на своето конто поради победата од 92:90. Победничките поени ги постигна Огундиран на една секунда до крајот на мечот.

- Оглас -

Најнови вести