МЗТ Скопје го растури Спарс во меч без значење

МЗТ Скопје Аеродром убедливо со 93:77 славеше против Спарс од Сараево, во меч од последнто, 22-ро коло на АБА 2 лигата. Дуелот немаше никакво значење бидејќи беше јасно дека Аеродромци ќе го освојат третото место на табелата, а Спарс ќе заврши како втор на табелата. Тоа значи дека овие два тима повторно ќе играат, и тоа во многу поважни мечеви, во полуфиналето од плејофот за пласман во елитниот дел на АБА 1.

МЗТ Скопје ги доби сите четири четвртини, а неизвесно беше само во првите 10 минути, кога на семафорот стоеше резултатот 24:23. Во продолжение на дуелот, гостите кои беа без неколку стандардни играчи, едноставно сопреа и како да ги штедеа силите за многу поважните дуели против истиот ривал.

Предраг Самарџиски со 26 поени и 14 скока беше најдобар на теренот, а Иве Иванов заврши со 19 поени. Двоцифрени кај МЗТ беа и Вудард со 15 поени и Стојановски со 11 поени. На крајот, по 22 одиграни меча, МЗТ Скопје Аеродром заврши со 15 поени и седум порази во дебитантскиот настап во АБА 2 лигата, а сега следува плејофот и борбата за влез во елитната АБА 1 лига.

- Оглас -

Најнови вести