Актуелниот шампион МЗТ Скопје успеа да го пбеди ТФТ Скопје во градското дерби со 93:87 и на некој начин да се реваншира за поразот во финалето на националниот Куп на Македонија.
Вечерва фаворитот не дозволи изненадување и постојано водеше, па ги доби првите три четвртини и славеше триумф од 6 поени разлика.
Војдан Стојановски со 21 поен беше најефикасен кај домаќините, а Ландруис Хортон со 23 поени беше прв кошгетер кај ТФТ Скопје и на мечот.
Дамјан Стојановски постигна 17 поени како втор стрелец во братскиот тандем кај шампионот.
МЗТ Скопје остана на второто место со 37 бода, еден помалку од лидерот Пелистер, а ТФТ Скопје е на делба на петтото место со Еуро Никел со по 32 бода.