МЗТ Скопје и Широки во директен дуел ќе одлучат кој ќе биде четврти во плејофот за пласман во АБА-лигата

Кошаркарите на МЗТ Скопје денеска од 18 часот во салата „Пецара“ ќе го игра последниот меч од регуларниот дел од сезоната во АБА2-лигата и тоа против домаќинот на последниот „балон-турнир“, Широки бријег.

Металците во досегашните 12 кола имаат учинок од осум победи и четири порази, исто колку што има и Широки и нивната пресметка ќе претставува дуел за четвртото место на табелата и подобра позиција во плејофот за пласман во АБА-лигата.

Квотите го фаворизираат домаќинот (1.63), но МЗТ Скопје знае како да игра против Широки. Металците славеа на шест од последните седум меѓусебни средби, а последен пат играа во 2022 година и тоа во полуфиналето на плејофот за пласман во АБА-лигата и МЗТ Скопје во СЦ „Јане Сандански“ победи со 75:71 со што го извади билетот за враќање во најквалитетното регионално кошаркарско натпреварување.

- Оглас -

Најнови вести