30.8 C
Skopje
сабота, 26 јули 2025

МЗТ Скопје и ТФТ ги добија противниците во АБА 2 лигата

Македонските кошаркарски прволигаши МЗТ Скопје и ТФТ ги добија своите противници за лигашкиот дел од АБА 2 лигата.

Актуелниот македонски првак МЗТ Скопје, според новиот формат налик на оној од фудбалската Лига на шампиони, успеа да ги избегне најголемите фаворити, Цибона и Морнар.

Тимот од „Јане Сандански“ ќе ја отвори новата сезона на домашен терен против Вршац, а потоа го очекуваат две гостувања, кај Сутјеска и кај Студент. До крајот на регуларниот дел од сезоната, МЗТ дома ќе ги пречека Јахорина, Војводина и Подгорица, а ќе гостува на Златибор и Широки.

ТФТ ќе ја започне сезоната на гостински терен против поранешниот европски првак Цибона, а потоа ќе игра дома против Војводина, Хелиос, Слобода Тузла и Студент. Дополнително, ќе им гостува на Широки и на Борац Бања Лука.

Сезоната започнува на 7 октомври, а пласман во плејофот ќе обезбедат осумте најдобропласирани екипи.

- Оглас -

Најнови вести