Кошаркарите на МЗТ Скопје и вторпат за само шест дена успеаја да слават убедливо во Куманово. Ако во неделата со победа над Куманово дојдоа до 14-тиот трофеј од Купот Македонија, „штрковите“ вечерва славеа и во првенствен меч.
Актуелниот шампион на Македонија победи со 56-72, иако победата можеше да биде и далеку поубедлива, бидејќи МЗТ водеше и со 22 поени разлика.
За „аеродромци“ ова е 15-тата првенствена победа во 16 меча, а единствениот пораз е службен од екипата на Ангели во четвртото коло.
Ако е за утеха, Куманово го имаше најефикасниот кошаркар на мечот, Урош Луковиќ, кој уфрли 18 поени.
Резултати:
Гостивар – Работнички 68-66
Куманово – МЗТ Скопје 56-72
Тиквеш – Маџари 81-91
Кожув – Чаир 81-99
ТФТ – Феникс 84-80

