Екипата на МЗТ Скопје Аеродром вечерва од 19 часот го пречекува Хелиос санс од Домжале во дуел од втората АБА, кој за Штрковите нема да биде обичен како и секој друг.
Ќе ја нема публиката во „Јане Сандански“ поради суспензијата од еден меч, а дополнителен мотив за македонскиот првак треба да биде и посветата за кошаркарската легенда и екстренер на МЗТ, Благоја Георгиевски Буштур, кој доцна синоќа го загуби животот во сообраќајна несреќа. Освен тоа, МЗТ со победа речиси и ќе го обезбеди второто место кое носи предност во полуфиналето на плејофот во АБА 2.
МЗТ на гостувањето во Словенија на 12 ноември загуби од Хелиос со 76-78, па сега потребен е реванш. На победникот можете да се обложите во Sport Life. Квотата за единица е мала, но можете да типувате и со колкава разлика ќе заврши мечот, а основниот хендикеп е 15,5 поени разлика.