Финалната серија од кошаркарското првенство на Македонија се сели во СРЦ „Кале“, каде што ТФТ во третиот меч го пречекува МЗТ Скопје. Актуелниот шампион на Македонија максимално го искористи домашниот терен и веќе има водство од 2-0, па МЗТ Скопје уште вечерва може да дојде до својата 12-та шампионска титула.
Квотите во Sport Life велат дека Македонија вечерва ќе добие старо-нов кошаркарски шампион, со оглед на тоа дека МЗТ Скопје ја има фаворитската улога со квота од 1.66. Квотата за победа на ТФТ е 2.30, а тоа би значело дека финалната серија ќе продолжи со најмалку уште еден меч.
Доминацијата на МЗТ Скопје во македонската кошарка трае од 2012 година, а до титулата не дојдоа само во 2018, кога се радуваше Работнички, и во 2020, кога првенството беше прекинато поради ковид-19 и не беше прогласен шампион.