13.8 C
Skopje
недела, 28 септември 2025

МЗТ Скопје ја потврди доминацијата, нов трофеј од Суперкупот оди за Аеродром

МЗТ Скопје уште еднаш ја потврди својата доминација во македонската кошарка, освојувајќи го Суперкупот на Македонија со победа над Кожув (71-64). Иако актуелните шампиони важеа за голем фаворит, тимот од Гевгелија, кој првпат играше за трофеј, пружи жесток отпор и натпреварот се решаваше дури во последните минути.
Ова е осмо одличје за аеродромци во натпреварувањето кое традиционално ја најавува новата сезона.

Кожув одлично го отвори мечот и ја диктираше играта во првата половина. По првата четвртина имаше водство од 11-18, а на полувремето предноста беше минимална (26-31). Сепак, МЗТ со серија во финишот преку Андоноски, Крстевски и Магдевски направи пресврт и на пауза замина со водство од 32-31.

Во драматичниот финиш, МЗТ влезе со минимална предност (63-62). Клучен момент беше тројката на искусниот Војдан Стојановски, кој погоди за 66-62 на само половина минута до крајот. Триумфот со сигурни слободни фрлања го запечатија Дамјан Стојановски и Марин Петков.

Со ова, МЗТ Скопје уште еднаш покажа зошто е најтрофејниот клуб во мак-баскетот и со новиот пехар ја започна сезоната со шампионски амбиции.

- Оглас -

Најнови вести